Skip to main content

„СПОМЕНИК“ во центарот на Охрид

„СПОМЕНИК“-Полско WC во центарот на градот Охрид. Изреволтирана наша сограѓанка испрати слика од оваа лоша глетка во склоп на рубриката „Ти си твојот град“.

 |   | 

До рубриката „Ти си твојот град“ пристигна слика од една не многу пријатна ситуација во центарот на Охрид. Љубинка Петрушевска која ја испрати сликата вели дека на местото каде што пред извесно време изгоре позната сендвичара, останал само еден „СПОМЕНИК“, односно Полско WC кое покрај гостите на сендвичарата го користеле и случајните минувачи. Ова е нејзиниот коментар:

Минатиот месец изгоре сендвичарата ВИЛИ, во центарот на Охрид да улицата Димитар Влахов, во близина на Општинската зграда. Причина за пожарот беше палењето на отпадните гасови од горење на јаглен за скара, во импровизираниот оџак (метална цевка) кој се запали и зафати еден од старите борови чии граки се надвиснуваа над оџакот. За среќа пожарот брзо беше згаснат при што изгоре сендвичарата од пластика, а борот, висок десетина метри е јагленосан. Последиците од оваа импровизација од сендвичара можеа да бидат катастрофални. Меѓутоа, за среќа, не изгоре ПОЛСКОТО WC во склоп на сендвичарата како санитарен чвор, бидејќи во овој комплекс имаше и бавча со маси и клупи за 30-тина гости, а WC-то го користеа и случајни минувачи. Веројатно ова WC и понатаму ќе постои како споменик на еден град, кој мене ми личи на СЕЛО БЕЗ КУЧИЊА – вели изреволтираната Петрушевска.