Skip to main content

Огромна дупка на улицата Никола Карев

Во рубриката „Ти си твојот град“ денес пристигнаа слики од доста прометната улица Никола Карев, на кои се гледа огромна дупка која што претставува опасност за возачите.

 |   | 

Жители на улицата Никола Карев во Охрид преку рубриката „Ти си твојот град“ со јавноста споделуваат голем проблем. Имено, станува збор за огромна дупка на која што веќе две недели ги кршат своите автомобили.

На улицата Никола Карев е отворена толку голема дупка што ќе биде тешко за тој што ќе ја погоди со кола. Оваа улица е една од најпрометните во Охрид и сите си ги искршивме возилата, веќе две недели на никој не му текнува да го среди проблемот. Само да кажам дека дупката секој ден тоне се повеќе и повеќе. Апелираме до надлежните да го решат ова додека не се случило нешто полошо – велат наши изреволтирани сограѓани.