Skip to main content

Санирана дупката на патот Пештани-Охрид

Откако во рубриката „Ти си твојот град“ беше објавено дека на патот Пештани-Охрид има голема дупка која што е опасна за возачите, истата веднаш е санирана.

 |   | 

Големата дупка на патот Пештани-Охрид за која реагираа наши сограѓани во рубриката „Ти си твојот град“ е санирана. Оваа дупка претставуваше опасност за возачите, а голем број од граѓаните се пожалија дека ги искршиле своите автомобили. 

Тимот на „Ти си твојот град“ е секогаш тука за вас, граѓаните на Охрид и околината, Струга, Дебрца, Вевчани, ќе ги разгледаме вашите барања и ќе помогнеме во решавањето и на најмалиот проблем. 

Вашите слики за рубриката ТиСиТвојотГрад испратете ги на нашата меил адреса : tisitvojotgrad@tvm.mk 

ГОЛЕМА ДУПКА ОПАСНА ЗА ВОЗАЧИТЕ НА ПАТОТ ПЕШТАНИ-ОХРИД