Skip to main content

Несовесни граѓани фрлаат отпад кај игралиштето на ул. Крали Марко

Жители на улицата Крали Марко во Охрид преку „Ти си твојот град“ реагираат на проблем кој по втор пат се случува на истото место, односно несовесни граѓани депонираат отпад кај игралиштето во нивната улица.

 |   | 

Жители на улицата Крали Марко во Охрид преку рубриката „Ти си твојот град“ пријавуваат проблем за кој како што велат не е првпат. Имено, станува збор за депонирање отпад од несовесни граѓани кај повеќенаменското игралиште кое се наоѓа на оваа улица.

Ова е нивниот коментар :

Сакаме да пријавиме по втор пат проблем на ул. ,,Крали Марко” (на самата ширина пред игралиштето) несовесни граѓани непрекинато фрлаат неразградлив отпад (пред предворје), иако неколкупати беше разговарно за истото и од страна на ЈП ,,Комуналец”. Во прилог слики од отпадот (кој секоја недела се прави од сограѓани кои всушност се вработени лица во Општина на град Охрид) – велат жителите.