Skip to main content

Полни корпи со ѓубре, расфрлан отпад на Оровничка плажа

Корпи полни со ѓубре, расфрлан отпад од несовесни лица насекаде. Ваква е денешната глетка на едно од најубавите места на Охридското крајбрежје, Оровничка плажа.

 |   | 

Преполни корпи со ѓубре, расфрлан отпад насекаде. Ваква е денес глетката на едно од најубавите места на Охридското крајбрежје, поточно на Оровничка плажа, каде што голем број жители на околните места одат на прошетка и уживање. Но несовесните лица, од ова прекрасно место повторно направиle вистински хаос. Сликите ни ги испратија жители на Оровник, кои секојдневно се рекреираат на Оровничка плажа, а ова е нивниот коментар:

Скоро секој ден доаѓаме тука да уживаме, да се рекреираме и да дишиме чист воздух. Но како ќе биде тоа, со толку многу ѓубре кое секако го оставиле несовесни лица. Апелираме и до надлежното Јавно претпријатие да го среди местото што поскоро – велат тие за „Ти си твојот град“.

Во продолжение погледнете ги сликите !