Skip to main content

Огромен куп со ѓубре стои повеќе од месец дена на „Радојца Новичиќ“

Огромен куп со ѓубре стои повеќе од месец дена на улицата Радојца Новичиќ во Охрид. Жителите за „Ти си твојот град“ велат дека пријавиле до надлежното Јавно претпријатие, но тие сеуште не го собрале ѓубрето.

 |   | 

Жители на улицата „Радојца Новичиќ“ до рубриката „Ти си твојот град“ која ја спроведува Регионалната ТВМ Телевизија пријавија проблем со отпад со кој што се соочуваат повеќе од месец дена. Велат дека неколкупати пријавиле и до ЈП Охридски Комуналец, но иако им било кажано дека ѓубрето ќе биде собрано за неколку дена, тоа до овој момент не е исполнето. Ова е нивниот коментар:

Повеќе од месец дена се гомила зелен отпад на тротоарот на улица Радојца Новичиќ наспроти поранешната амбуланта. Пријавувано е неколку пати до Охридски Комуналец и одговорот е секогаш дека за неколку дена ќе го соберат. Досега ништо. Секоја година е истата приказна. Одвратно изгледа и уште полошо мириса – велат жителите за „Ти си твојот град“.