Skip to main content

Неколку месеци тече вода на уличе во населба Христо Узунов кај „Ламели“

Неколку месеци тече вода на уличе во населбата Христо Узунов кај „Ламели“. Сликите во рубриката „Ти си твојот град“ ги испрати Јован Карамач, кој апелира до надлежните да го санираат овој проблем што е можно поскоро.

 |   | 

Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики од нашиот сограѓанин Јован Карамач, на кои се гледа насобрана вода која веќе се претворила во бара. Локацијата е во населба Христо Узунов кај „Ламели“. Карамач вели дека не се знае што е точно проблемот, но апелира до надлежните да го санираат што е можно поскоро, бидејќи следуваат денови со уште поинтензивни врнежи од дожд.

Веќе неколку месеци тече вода. Дали е пукната цевка или е некој извор, не се гледа, но веќе има направено баричка. Чудно е што досега никој не реагирал за овој проблем – изјави Карамач за „Ти си твојот град“.