Skip to main content

Недосредени делови на улицата Јане Сандански

„Слики од ул. Јане Сандански во близина на железарија „Мравка“. Од цела улица само овој дел остана ненаправен и ја грди цела улица“, вели Катерина Костоска за рубриката „Ти си твојот град“.

 |   | 

Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики од нашата сограѓанка Катерина Костоска. Станува збор за дел од улицата Јане Сандански за кој како што вели уште тој мал простор останал несреден и остава лоша слика за целата улица. Ова е нејзиниот коментар :

Ви испраќам слики од ул. Јане Сандански, во близина на железарија „Мравка“. Од цела улица само овој дел остана ненаправен и ја грди цела улица – вели Костоска за „Ти си твојот град“.