Skip to main content

Античка фурна за печење тули исцртана со графити

Несовесни лица исцртале со графити античка фурна за печење на тули која се наоѓа кај хотел Гранит. Сликата ни ја испрати Владимир Сттојкоски во рубриката „Ти си твојот град“

 |  инфодеск  | 
Владимир Стојкоски во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ која ја спроведува Регионалната ТВМ Телевизија, ни испрати слика од античка фурна за печење на тули која несовесни лица ја исцртале со графити.
Во неколку наврати реагирано е во Завод и Музеј за отстранување на графитите и средување и обележување на античката фурна за печење на тули до пумпната станица кај хотел Гранит, но досега нема ефект – вели Стојкоски за „Ти си твојот град“.