Skip to main content

Финансиската криза без директни последици врз Македонија

Светската финансиска криза предизвикана од банкротот на една од најголемите американски банки „Леман Брадерс“, нема да има директни последици врз Македонија, смета министерот за финансии.

Un zname
Un zname
Светската финансиска криза предизвикана од банкротот на една од најголемите американски банки „Леман Брадерс“, нема да има директни последици врз Македонија, смета министерот за финансии.

„Финансискиот систем во Македонија е поконзервативен и се потпира врз инструменти, кои вклучуваат помал ризик, а банките даваат кредити на стопанството и населението со обезбедување, така да не постои никаква опасност“, изјави денеска во Охрид, министерот за финансии, Трајко Славески.
 
sediste vlada„Единствено што може како помал бран да се почувствува во иднина, се повисоките каматни стапки на европскиот финансиски пазар, кои се очекуваат како резултат на светските турбуленции. Тоа ќе значи дека доколку Македонија се одлучи да издаде еврообврзници или некоја банка ако сака да подигне средства од европските финансиски институции преку задолжување ќе треба да плати поголема каматна стапка“, рече Славески.
 
Според него сеуште не се познати крајните последици од финансиската криза во САД. Славески смета дека кризата може да предизвика понатамошен пад на цената на нафтата, која во Македонија влијаеше на раст на цените, кои ја подгреаја инфлацијата, но сега додаде тој, работите се поинакви.