Skip to main content

Стопирана продажабата на државното градежно земјиште во Чекоштина

Државата се испазари, па се попишмани за продадени парцели во нејзина соспственост.

 |  Валентина Нелоска  | 
Cekostina
Cekostina
Државата се испазари, па се попишмани за продадени парцели во нејзина соспственост.

Станува збор за земјиштето во месноста Чекоштина за која во месец април беше распишана лицитација за продажба на градежно земјиште. Од предвидените 81 тогаш се продадоа 31 градежна парцела.
Три месеци подоцна со објаснување дека земјиштето е археолошки локалитет дел од сопственицит едобија известување дека продажбаат е поништена.Парите им се вратени.

Инволвираните институции не даваат прецизен одговор за чиј превид станува збор. Од секторт за урбанизам потврдуваат дека продажбата била стопирана по увидот на настанатиот пропуст. Раководителот на секторот за урбанизам Бранко Арнаудовски  вели дека лицитација се одржала врз основ на важечкиот ДУП донесен во осумдесетите години. Во него не биле одредени конкретно границите на археолошкиот локалитет. До каде тие се протегаат – било  утврдено додека траела лицитацијата. Тогаш од страна на секторот за урбанизам било побарано стручно  мислење од завод и Музеј.

CekostinaДиректорот Тања Паскали Бунташеска се оградува од одговорноста за настаната грешка. Таа вели дека ги доставиле потребните податоци кога тоа било побарано од нив. Укажале дека на просторот не може да се вршат градежни работи затоа што просторот припаѓа на археолошки локалитет Козлук, со решение од април 1998 година. Во моментов се работи Елаборат за ревалоризација на археолошкиот локалитет Козлук.

Според Паскали Бунташеска со него дополнително ќе се утврдат новите граници и ќе се знае кој простор припаѓа на заштитена зона, а кој е надвор од неа. И од секторт за урбанизам најавуваат и измени на ДУП за Чекоштина, при што потенцираат дека ќе се земат во предвид стручното мислење од Завод и Музеј за овој простор.