Skip to main content

Поради финансиската криза ФБИ истражува во четири најголеми финансиски институции во САД

Федералното биро за истраги (ФБИ) на САД истражува во четири од главните финансиски институции во земјата, чиј финансиски крах придонесе администрацията на Џорџ Буш за да го изготви планот за спасување, во  вредност од 700 милијарди долари, пренесоа светските агенции.

 |  Крсте Голабовски  | 
FBI logo

Агенциите се повикуваат на американските медиуми кои цитираат двајца анонимни претставници на организации за заштита на правата на граѓаните.

ФБИ проверува дали има можни измами во двата американски хипотекарни гиганти „Фани Меј“ и „Фреди Мак“, врз кои контрола воведе Министерството за финансии на САД – што претставува најрадикалното мешање на Владата во приватниот бизнис во САД.

FBI sedisteИстражувани се уште и банкротираната четврта најголема банка во САД „Леман брадерс“ и најголемата во светот американсдка осигурителна компанија „ АИГ“, кај која Владата од федералните резреви на САД и додели 85 милијарди долари итен заем во замена за 80 отсто од акциите.

Истрагите, се уште, се во почетната фаза,  а тие ќе се насочат како кон компаниите, така и кон лицата кои ги раководеле. Со овие нови случаи, заради финансиката криза во САД ФБИ веќе истражуваше во вкупно 26 компании