Skip to main content

Австралијанци се прошетаа по основното училиште Св. Климент Охридски

Професори и средношколци од Австралија го посетија основното училиште Св. Климент Охридски со цел да видат како се изучува македонскиот јазик.

 |  Лионела Jаковлева  | 
Sv.Kliment Ohridski
Sv.Kliment Ohridski
Двајца професори и осум средношколци од Австралија кои имаат македонско потекло денес го посетија училиштето Св. Климент Охридски со цел да се запознаат со начоинот на кој тоа работи. Пред се се интересираа за изучувањето на македонскиот јазик бидејќи тој се изучува и во некои градови во Австралија во кои живеат поголемт број на наши иселеници.

Поголемиот дел од децата кои веќе неколку дена престојуваат во Охрид биле и претходно во Македонија. Тие се воодушевени од нејзините убавини и планираат повторно да ја посетат нашата држава. Во Австралија веќе неколку години го изучуваат македонскиот јазик. Тие велат дека јазикот не е многу тежок, а покрај на училиште го зборуваат и дома со своите родители и роднини кои се Македонци.

delegacijaИнаку, оваа посета на Охрид и училиштето Св. Климент Охридски е дел од програмата на средното училиште во кое учат овие деца во Австралија. Целта е тие лично да ги видат градовите за кои учат и одблизу да се запознаат со македонскиот јазик. Препораката да се посети токму основното училиште Св. Климент Охридски им ја дала Агенцијата за иселеници од Македонија бидејќи ова е најстарото училиште во градов. Имено оваа година се навршуваат  110 години од неговото постоење. Соработката со австралиските училишта и понатаму ќе продолжи па можно е во иднина и ученици од ова училиште да ја посетат оваа прекуокеанска земја.