Skip to main content

Станарите од зградите се почесто покажуваат интерес да го средуваат просторот

Законот за јавна чистота предизвика силна реакција кај граѓаните. Се посочуваат станарите од колективните згради за живеење кои се грижат за животната средина , но и оние кои ја занемаруваат околината.

 

 |  Валентина Нелоска  | 
evropska cista Makedonija
evropska cista Makedonija
Законот за јавна чистота предизвика силна реакција кај граѓаните. Се посочуваат станарите од колективните згради за живеење кои се грижат за животната средина , но и оние кои ја занемаруваат околината.

Пример за грижа на својата средина се станарите од зградата на улицата Гоце Делчев, во населбата Далјан.

Душан Симјаноски станар од зградата, укажува на соседот Ламбе кој беспрекорно се грижи за просторот пред зградата, а при тоа соседите му помагаат со тоа што не фрлаат смет, вели Симјаноски.  

kontejneriГраѓаните сметаат дека постојат луѓе кои се грижат за животната средина, но и  такви кои сеуште фрлаат смет од тераса. Немаат навика за чисто, а сите се правиме чисти, дома чистиме, гланцаме, а надвор живееме во депонија велат жителите.

Оние кои се сметаат себеси за совесни граѓани, во однос на казните потенцираат дека се мали за загадувачите на околината.
Останува да  видиме дали со казните по џебот, ќе се разбуди  заспаната  совест кај поединците кои се однесуваат несовесно кон животната  средина.