Skip to main content

Купот на УЕФА ќе стане Европска лига

Од наредната сезона Купт на УЕФА ќе се вика Европска лига, одлучи вчера Извршниот комитет на Европската фудбалска унија (УЕФА).

 |  Крсте Голабовски  | 
Од наредната сезона Купт на УЕФА ќе се вика Европска лига, одлучи вчера Извршниот комитет на Европската фудбалска унија (УЕФА).

На состанокот одржан во Бордо донесена е одлука да биде променет и системот на натпреварување, па така во иднина 48 екипи ќе бидат поделени во групи и ќе играат по системот секој со секого во двокружен бод систем, како во Лигата на шампиони.

Ова претставува уште еден обид да се врати атрактивноста на ова натпреварување, што целосно се изгуби по формирањето на Лигата на шампионите во која играат најдобрите европски клубови.
На состанокот било дискутирано и околу телевизиските права, обезбедувањето спонзори, како и за изработка на ново лого, кое треба да му внесе нов дух на ова натпреварување.

UEFA logo„Очекуваме предложените измени значително да го унапредат овој Куп, кој за УЕФА е од историско значење. Убеден сум дека Европската лига ќе биде многу успешна, рече претседателот на УЕФА“, Мишел Платини.

Купот на УЕФА стартуваше во 1971 година како замена за тогашниот Куп на саемските градови.