Skip to main content

Пет лица загинаа во експлозија во северниот либански град Триполи

Најмалку пет лица загинаа, а 17 се ранети изутринава во експлозија во северниот либански град Триполи.

 |  Крсте Голабовски  | 
eksplozija Tripoli
eksplozija Tripoli
Најмалку пет лица загинаа, а 17 се ранети изутринава во експлозија во северниот либански град Триполи.

Либанските сили за безбедност соопштија дека инцидентот се случил кога автомобил-бомба експлодирал во близина на автобус, кој превезувал либански војници.

TripoliСпоред претставник на служните за безбедност експлозијата се случила на јужниот излез на градот, додека автобусот патувал кон главниот град на Либан Бејрут, кој се наоѓа на околу 80 километри јужно од Триполи.

Ова е втор бомбашки напад врз либански војници во изминатитре два месеци. На 13 август 18 војници беа убиени, откако автобусот со кој се превезувале наиде на бомба поставена крај патот.