Skip to main content

Театарска премиера „Граница“

Во хотелот INEX ГОРИЦА, утре во осум часот ќе биде премиерата на претставата „Граница“ во режија на Софија Ристеска, со актери од охридскиот и битолскиот мал театар.

 |  Ристо Јакимовски  | 
plakat
плакат
Во хотелот INEX ГОРИЦА, утре во осум часот ќе биде премиерата на претставата „Граница“ во режија на Софија Ристеска, со актери од охридскиот и битолскиот мал театар.

Со претставата „Граница“ во режија на Софија Ристеска, по подолг период во Охрид се врајќа театарот. Премиерата на оваа претстава ќе се одржи во претседателскиот апартман број 215  во хотелот INEX ГОРИЦА,  засега пред само петнаесетина гледачи. Ова е уште една успешна  соработка помеѓу охридскиот и битолскиот мал театар. Со ваквиот спој ќе се продуцираат проекти кои во иднина ќе донесат значаен придонес во театарската уметност.

pres konferencijaПокрај оваа премиера во иднина се најавени уште неколку проекти.
Во минатото во Охрид имаше голем број на иницијативи за формирање на театар, кои од различни причини поминаа незабележани. Во иднина соработката помеѓу овие две групи ќе продолжи. Двете групи ќе се занимаваат со обработка на дела од европската и балканската литература со главен акцент врз општествените и личните проблеми кај луѓето.

 

 

{loadposition content9}