Skip to main content

Првото злато на Линдзи Вон на СП

Линдзи Вон го освои првото злато на 40- Светско првенство во алпско скијање.

 |  Крсте Голабовски  | 
Lindzi Von
Lindzi Von
Супериорната Американка не дозволи изненадување на  супервелеслаломот во Вал Д’Изер и најави дека може да стане единствена дама во историјата со подиум на сите пет трки на еден Мундијал.

Водечката во Светскиот куп ја најде вистинската патека на снегот во Вал Д’Изер, па на целта влезе со 34 стотинки подобро време од сребрената Мари Маршан Арвие. Француската надеж направи сензација и без оглед што го имаше вториот почетен број, совлада многу попознати ривалки.
Резултат на кариерата оствари и бронзената Австријка Андреа Фишбахер. Сите други зад Вон заостаната повеќе од една секунда. Меѓу нив и минатогодишната освојувачка на супер џи кристалниот глобус Марија Риш, која беше осма.

ValdizerДеветта заврши водечката во оваа дисциплина во светскиот куп Надиа Фанчини. Бранителката на тронот од Оре, Швеѓанката Ања Персон, се откажа на половина од патеката, па пропушти можност да влезе во историјата како прва скијачка со три злата во супервелеслалом.
Низ целта не мина и бронзената од шампионатот пред две години ренате Гечел. В петок во Вал Д’Изер жените ќе возат суперкомбинација, а за утре е закажан машкиот супервелеслалом.
Меѓу 350 натпреварувачи на Светското првенство се и тројца наши скијачи. Антонио Ристевски, Александар Витанов и Дардан Деари ќе настапат во техничките дисциплини.

 

{loadposition content9}