Skip to main content

ВМРО- НП верува во победа на претстојните локални избори

За почист град и подобра социјална благосостојба на граѓаните- ќе се залага кандидатот од ВМРО- Народна партија, Томе Гиноски.

 |  Тања Кувенџиска  | 
logo
лого
ВМРО- Народна партија денес и официјално го промовира кандидатот за градоначалник со кој влегува во трката за градоначалничката фотелја на претстојните локални избори.

„Со д- р Томе Гиноски како кандидат се надеваме на сигурна победа“ , рече претседателот на општинскиот комитет, Ванчо Костоски и додаде: „ Станува збор за сериозен човек, чесен, признат во својата професија“.

Tome GinoskiКако што рече Гиноски во своето обраќање до јавноста, ќе се фокусира на две основни теми од градското живеење. Тоа се: подобар живот и социјална благосостојба на своите сограѓани.

Од ВМРО- НП велат дека во тек е подготвувањето на советничката листа која ќе биде готова најдоцна во понеделник.Покрај Гиноски, како кандидати за градоначалник на општина Охрид се јавуваат и: актуелниот градоначалник, Александар Петрески од редовите на СДСМ, Кирил Трендафилов- Нанче од ВМРО ДПМНЕ, Ацо Попоски од НСДП, Боро Павлоски од ЛДП и независниот кандидат- Владо Рувинов – Љац.

 

 

 

 

{loadposition content9}