Skip to main content

Леброн Џејмс со 52 поени

По Коби Брајант кој постигна волшебни 61 поен против екипата на Њујорк, на сцената настапи и Леброн Џејмс.

 |  Крсте Голабовски  | 
Lebron James
Леброн Џејмс
По Коби Брајант кој постигна волшебни 61 поен против екипата на Њујорк, на сцената настапи и Леброн Џејмс.

Против Никси постигна 52 поена, 11 асистенции и 10 скокови и им донесе победа на Кливленд Кавалиерс од 107-102. Интересен беше и мечот од Источната Конференција меѓу Детроит и Мајами. Победата им се насмевна на домаќините со резултат од 93-90. За победата на Детроит најмногу придонесоа Стаки со 18 и Принц со 16 поени, а на Мајами не им помогнаа ни 29-тте поени на Двејн Вејд. И Коби Брајант по навика беше расположен за игра. За победата на Лејкерси против Торонто со резултат од 115-107 тој постигна 36 поени и имаше 9 скокови. Во останатите натпревари:


Lerbron James
Орландо –  Л.А. Клиперс  125-96
Торонто –  Л.А. Лејкерс  107-115
Детроит –  Мајами        93-90
Њујорк –   Кливленд      102-107
Вaшингтон – Њу Џeрси     88-115
Oклахома Сити – Денвер   113-114
Минесота –  Aтланта      86-94
Далас –    Портланд      104-99
Meмфис –   Хјустон       104-93
Њу Oрлеанс – Чикаго      93-107
Голден Стејт -Фeникс     124-112

 

 

{loadposition content9}