Skip to main content

Градскиот превоз во ужасна состојба

Години наназад градскиот превоз е во ужасна состојба. Информационите табли за возниот ред и нови превозни средства се само празна желба за граѓаните.

 |  Ристо Јакимовски  | 
kombe
комбе
Години наназад градскиот превоз е во ужасна состојба. Информационите табли за возниот ред и нови превозни средства се само празна желба за граѓаните.

Стари автобуси, уништени постојки, никаква информација за возниот ред, ваква е моменталната состојба со градскиот превоз во Охрид. Градот има голема потреба од ефикасен транспорт, посебно во летниот период, кога  истиот е неопходен и  за туристите.

Возниот ред се изработува во зависнос од потребите на населението. Превозниците се должни да се придржуваат строго на возниот ред, со запазување на времето на поаѓање и пристигнување. Истите мора да го имаат истканато возниот ред на возилота како и самата лиценца за извршување на дејноста.

avtobuska postojkaСпоред превозниците информативните  табли за возниот ред ги одстрануваат граѓаните.

„Не сме во можност секој втор ден да поставуваме нови“ –велат превозниците.
Потенцираа оти информативните  табли се само дел од проблемите со кои се соочуваат. Уште еден проблем е и  укинувањето на одредени лини поради економска не иплатливост.

„На запад овие работи се соссема поинаку решени , таму постојат јавни предпријатија кои се задолжени за спроведување на  градскиот превоз. Доколку се појават некои  линии кои се финансиски неоправдани истите добиваат  финансиска помош од општина  и на тој начин се избегнува укинувањето на истите. Во иднина и општина Охрид би трбало да се насочи кон такво уредување “ е ставот на Зоран Шикалески .

 

 

{loadposition content9}