Skip to main content

ЈАТ ќе лета за Скопје за 39 евра

Авио билет со промотивна цена од 39 евра за дестинацијата Белград – Скопје, воведе српската компанија Јат ервејз.

лого
logo
Авио билет со промотивна цена од 39 евра за дестинацијата Белград – Скопје, воведе српската компанија Јат ервејз.

Компанијата соопшти дека во периодот од 16 до 22 февруари ќе им понуди на патниците 20,000 билети по промотивни цени на летовите во регионалниот и евромедитеранскиот сообраќај.

Билетите купени во овој период ќе важат 12 месеци за сите патувања кои почнуваат меѓу 1 и 31 март оваа година.

avionМинималната должина на престојот е три дена, соопшти Јат ервејз.

На летовите за Скопје, Солун, Подгорица, Тиват, Сараево, Бања Лука, Трст и Љубљана тарифата изнесува 39 евра, а во евромедитеранскиот сообраќај промотивната тарифа за повратен лет изнесува 59 евра.

Авиокомпанијата соопшти дека билетите можат да се купат и преку интернет.

 

 

{loadposition content9}