Skip to main content

ОУ Христо Узунов со нов двор и училници

Со пригодна свеченост одбележана реализацијата на проектот за реновирање на дворот и училниците во основното училиште Христо Узунов.

 |  Тања Кувенџиска  | 
OU Hristo Uzunov
ОУ Христо Узунов
Со пригодна свеченост одбележана реализацијата на проектот за реновирање на дворот и училниците во основното училиште Христо Узунов.

Со пригодна свеченост, основното училиште Христо Узунов ја одбележа реализацијата на проектот за реновирање на школскиот двор и дел од просториите во кои основците ја посетуваат наставата. Задоволни се што нивното училиште се обновува.

„Убаво е што сега имаме нов двор“, велат учениците.

Директорот на основното училиште, Оливија Пирузева- Јанева, упати посебна благодарност до Локалната самоуправа, без чија помош ваквите зафати не би можеле да се реализираат. Реновирањето на дворот, подовите, трпезаријата, спортското игралиште се само дел од нив.

Резултатите од нашата соработка се повеќе од очигледни. Тоа пред се е подобрувањето на воспитно- образовниот процес и реализација на бројните инфраструктурни зафати.  Малите и големите проекти и идеи го овозможуваат поголем прогрес и перспектива за иднината на младите генерации, рече директорката Оливија Пирузева- Јанева.

Градоначалникот Петрески потенцира дека и покрај тоа што ингеренциите на локалната самоуправа во образованието се делумни, во текот на последните 4 години од нивна страна постојано се инвестира. Од општинскиот буџет за оваа намена потрошени се околу 1 мил. евра.

Училишниот одбор на градоначалникот Петрески му врачи благодарница за посебен придонес во подобрување на условите во кои се изведува наставата.

 

 

 

{loadposition content9}