Skip to main content

Црквата Свети Никола доби нова камбанарија

Ова е само дел од зафатите кои се прават врз овој сакрален објект. Со тоа овој објект се почесто е свратилиште на жителите од Долна влашка маала.

 |  Тања Кувенџиска  | 
kmabana
камбана
Ова е само дел од зафатите кои се прават врз овој сакрален објект. Со тоа овој објект се почесто е свратилиште на жителите од Долна влашка маала.

Ова се звуците на денес поставената и осветена нова камбанарија во Црквата Св. Никола. Таа го замена досегашното- старо и помало ѕвоно.

„Поради се поголемиот број згради неминовно беше да се смени камбанаријата и да се стави поголема. Се набави со помош од верниците и членовите на црковниот одбор“, вели парохискиот свештеник при црквата Св. Никола, Отец Сашо Ристески.

Старата црка Св. Никола била изградена во 1864 година во време на грчкиот Владика Мелетиј. До пред 5 години била затворена, за потоа со средства од верниците да започне нејзиното обновување. Па така, по изминати 55 години, сега секоја недела во црквата Св. Никола се одржува богослужба.

Sv.NikolaОвој верски храм постепено прераснува во свратилиште на верниците и жителите од Долна Влашка маала.

„Црквата сега пак заживеа и за нас претставува место кое често го посетуваме “, вели еден од членовите на црковниот одбор, Павел Лукан.

Следува средувањето на црковниот двор, внатрешниот дел од објектот, обновување на фреските и престолот. Во тек е и изградбата на крстилницата која се наоѓа на јужната страна.

 

 

{loadposition content9}