Skip to main content

Македонските граѓани најмногу стравуваат од глобалната економска криза

Последното истражување на јавното мислење во Македонија направено од Меѓународниот републикански институт (ИРИ) покажува дека најголема грижа за македонските граѓани претставува економската состојба предизвикана од глобалната криза.

zemja
земја
Последното истражување на јавното мислење во Македонија направено од Меѓународниот републикански институт (ИРИ) покажува дека најголема грижа за македонските граѓани претставува економската состојба предизвикана од глобалната криза.

Во последниве шест месеци, дури две третини од граѓаните повеќе стравуваат за економската состојба во 2009-та споредено со истиот период лани поради можноста Македонија да биде посилно погодена од економската криза. Има растечки песимизам за економските текови, а  тоа претставува дополнителен поттик за Владата да излезе со моќен економски план во кој ќе има отварање на нови работни места и намалување на невработеноста, изјави Линдзи Лојд, регионален директор за Европа при Меѓународниот републикански институт.
Во однос на рејтингот на политичките партии Лојд рече дека анкетата покажува оти ВМРО-ДПМНЕ се уште има голема поддршка и нагласи дека пулсот за евроинтеграција е без промени.

plostad„Поддршката за влез во НАТО и ЕУ останува и натаму голема, како што беше изминатите години. Околу 90 отсто од испитаниците го поддржуваат членството во Унијата и НАТО“, рече Лојд, посочувјќи дека е важно Владата и опозицијата заедно да работат на овие прашања и на постигнување на целта.
Според Лојд, претстојните локални и претседателски избори во Македонија се важни за земјата и нивното демократско одржување е еден од условите за интеграцијата во ЕУ.
„Меѓународната заедница со голем интерес ќе ги следи изборите во март, бидејќи имаше критики за последните неколку изборни циклуси во Македонија. Важно е да има голема излезност на изборите, но исто така и партиите на власт и во опозиција, како и невладините организации да обезбедат транспарентни, праведни и мирољубиви избори“, прецизира Лојд.

 

 

{loadposition content9}