Skip to main content

Денеска се празнува Св. Трифун и Св.Валентин

Православните верници денеска го слават Св.Трифун -заштитникот на лозјата и овошките.

 |  Татјана Маленкова  | 
lozje
лозје
Православните верници денеска го слават Св.Трифун -заштитникот на лозјата и овошките.

Лозарите традиционално го одбележуваат овој празник, надевајќи се дека светецот ќе им помогне грозјето да биде благо, а бочвите полни со вино. Семејството Савиќ е едно од многубројните Охридски фамилии кои  традиционално го празнуваат овој празник заедно со пријателите.
На овој празник на лозјата им се поткаструваат се уште незапупените гранчиња за родот да биде добар, а  стеблото од лозата се полива со ракија и  вино од ланската берба. Со  овој чин домаќините веруваат дека Св. Трифун ќе го заштити родот од разни болести, штетници и од невреме.
Откако ќе  заврши традиционалното подкастрување на ластарите  домаќинот за сите подготвува скромна гозба. На закуската гостите го благословија семејството и нивниот имот, а се кажауваа и  шеги.

slavaДенес , пак католичките верници го слават Св. Валентин. Денот на вљубените, празник што станува се популарен и кај нас. Вљубените си разменуваат љубовни пораки, си подаруваат цвеќе, чоколади, кадифени мечиња и подароци во облик на срце, а излозите на продавниците се украсени со најразлични подароци во црвена боја. Легендата вели дека Свети Валентин живеел во Рим за време на императорот Клаудиј Втори, кој започнал и водел многу војни, при што имал тешкотии да собере војници.Вината за тоа ја нашол во брачниот и љубовниот живот на потенцијалните борци и затоа забранил склучување веридби и бракови.Валентин, кој бил свештеник, и покрај строгата забрана ги венчавал вљубените. Поради тоа бил уапсен, мачен и убиен токму на 14 февруари 269 година од нашата ера. Два века подоцна е прогласен за светец.

 

 

{loadposition content9}