Skip to main content

Kомпјутер не може да биде бебисистерка на вашето дете

Родителите признаваат дека  немаат целосна контрола врз слободното време на нивните деца.

 |  Тања Кувенџиска  | 
Ljupco Keveroski
Љупчо Кевероски
Пукање, убивање, сечење на глави- се само дел од содржините на интернет игрите со кои младите го минуваат најголемиот дел од своето слободно време. Победник е оној кој убил поголем број непријатели во играта.

„Најинтересни ни се игрите со убивање, трки со автомобили“, велат основците.

Родителите признаваат дека немаат целосна контрола врз слободното време на своите деца. Современиот тек на живеење, исполнет со стрес и голем број работни обврски си го прави своето, велат тие.

„Мора да признаеме ние како родители дека после напорниот работен ден, кој често пати е и многу стресен, сакаме да одмориме саат, два, а при за да не не вознемируваат децата, ги оставаме да играат на комјутер, без да видам што играат, потенцираат родителите.

igra Стручните лица предупредуваат- прекумерното користење на копјутерот во голема мера придонесува кон социјалната изолација, нарушен психо- физички развој на детето, поголема агресивност. При тоа, секако не се исклучува можноста за лесно навлегување во водите на педофилијата.

„Влијанието на агресивните игри е директно поврзано со агресивноста кај младите. Секојдневно сме сведоци на убиства, при што кај десет од нив, осум биле резултат на влијанието на комјутерски игри“, објаснува проф. Д- р Љупчо Кеверески  – универзитетски професор.

Истражувањата покажале дека желбата да се навлезе во свој сопствен свет, бегањето од секојдневието и љубопитноста се најчестите причини кои доведуваат до се поголемиот интерес на децата кон интернетот.
Затоа родителите, мора да имаат поголема контрола и да го ограничат времето кое младите го минуваат пред комјутер. Стручните лица ги упатуваат следните совети до родителите: да го стават компјутерот на видно место каде можат да имаат поголема контрола. До колку не се дома да ја блокираат интернет мрежата и да вршат чести проверки на последно користените игри.

 

 

 

{loadposition content9}