Skip to main content

Чавес ја доби поддршката од граѓаните на вчерашниот референдум

Венецуелскиот претседател Уго Чавес на референдумот што вчера се одржа во земјата ја добри поддршката на граѓаните, со која му се овозможува на власт да остане се додека победува на изборите.

 |  Крсте Голабовски  | 
Ugo Chavez
Хуго Чавес
Венецуелскиот претседател Уго Чавес на референдумот што вчера се одржа во земјата ја добри поддршката на граѓаните, со која му се овозможува на власт да остане се додека победува на изборите.
Како што соопшти претседателката на Националната изборна комисија Тибисаи Лусена, според преброените 94 проценти од гласачките ливчиња, нешто повеќе од 54 отсто од избирачите го прифатиле предлогот за измени на Уставот, а околу 46 проценти се изјасниле „против“.
Лусена додаде дека одѕивот на гласачите изнесувал 67,1 процент.

Чавес обезбеди поддршка на референдумот, на кој граѓаните се изјаснуваа за уставните измени, со кои би се укинало ограничувањето на бројот на претседателските мандати и би се овозможило една иста личност неограничен број пати да биде избрана за шеф на државата.
Левичарскиот претседател на Венецуела на власт е изминативе десет години, а сегашниот, втор, мандат му истекува во 2013 година.

Според резултатите од последните анкети, објавени пред неделниот референдум, предлогот на претседателот Чавес го поддржуваше тесно мнозинство од избирачите, додека тој самиот изјавуваше дека ќе го прифати изјаснувањето на народот, без разлика дали ќе биде позитивно или негативно.
Во своите претходни изјави Чавес напоменуваше дека успехот на референдумот би бил добивка за нацијата, бидејќи како шеф на државата му се потребни уште најмалку десет години за да ги зацврсти тековите на социјалистичката револуција во Венецуела, започната со неговото доаѓање на власт во 1999 година.

referendumИако гласачките места официјално беа затворени по 18 часот по локално време, на граѓаните кои се најдоа во редовите им беше овозможено да гласаат и по тоа време.
Парламентот на Венецуела на 15 јануари усвои амнандман на Уставот, со кои се укинува ограничувањето на бројот на мандатите на претседателот, регионалните гувернери и членовите на Парламентот, а таа одлука требаше да биде потврдена и на референдум.
Со оглед на тоа што референдумот успеа Чавес би можел повторно да се кандидира за претседател на изборите во 2012 година и доколку победи ќе биде на власт до 2019 година.
Во Венецуела кон крајот на 2007 година веќе беше одржан референдум со иста тема, но левичарскиот претседател тогаш претрпе пораз, откако 50,7 проценти од граѓаните гласаа против неограничениот мандат на шефот на државата, а 49,29 го поддржаа предлогот.
Доаѓањето на 54 годишниот Чавес на чело на богатата со нафта Венецуела беше проследено со процесот на национализација на најважните индустриски сектори и со големи трошоци за заштита на сиромашните.

Неговиот „социјализам“ не им се допадна на голем број Венецуелци, ниту на Западот, а пред се на САД, кој во него гледаат нов Фидел Кастро, односно вознемирувачки фактор во Латинска Америка.
Токму историскиот лидер на Куба Фидел Кастро беше првиот кој ја поздрави победата на Чавес на рефередумот.

 {loadposition content9}