Skip to main content

Мареј подобар од Надал на турнирот во Ротердам

Британецот Енди мареј, е победник на АТП турнирот во Ротердам, откако во финалето го совлада првиот тенисер на светот, Рафаел Надал со 6:3, 4:6, 6:0 во сетови.

 |  Крсте Голабовски  | 
Andy Murray
Енди Мареј
Британецот Енди мареј, е победник на АТП турнирот во Ротердам, откако во финалето го совлада првиот тенисер на светот, Рафаел Надал со 6:3, 4:6, 6:0 во сетови.

Ова за Енди е втора победа над шпанецот за оваа година. Британецот во натпреварот влезе со повреден глужд, но поголеми проблеми со коленото имаше шпанецот, кој во третиот сет мораше да прими медицинска помош. Повторно проблемот беше во десното колено, поради кое и го пропушти финалето на дејвис купот. Изгледа дека големиот Рафо се префорсира.

Andy MurrayЕдноставно не се одмори доволно после Мелбурн и последните 6-0 се доволна казна за него. За Мареј ова е втор освоен турнир сезонава после онов во Доха. Иако рано беше елиминиран од Вердаско на Австралиан Опен, шкото на почетокот на сезоната покажа голема форма и најава дека ќе биде многу опасен во 2009 година.

 

 

{loadposition content9}