Skip to main content

Високиот износ на јануарските сметки изненади голем број граѓани

Голем број граѓани останаа изненадени од висината  на  јануарските сметки за струја.

 |  Валентина Нелоска  | 
logo
лого
Голем број граѓани останаа изненадени од висината  на  јануарските сметки за струја. Износите на сметките достигаат и над 1000 денари од вообичаената сума за потрошена струја  која ја плаќаат потрошувачите. Реакции на граѓани имаше и до нашата редакција.

OhridОд ЕВН објаснуваат дека зголените суми на сметките за потрошена струја се должат на екстремно студениот месец, а при тоа и со многу празнични денови. Додаваат дека заради празниците  5 дена од декември се пренесени во јануарските сметки.

Портпаролот на ЕВН, Ленче Карпузоска изјави  дека станува збор за реална состојба  на броилата. Доколку граѓаните сакаат да се уверат во реалната состојба со потрошена електрична енергија може да се обратат до нивните служби за да се направи проврека за соодветно потрошената електрична енергија.

 

 

 

 

{loadposition content9}