Skip to main content

Навреме се доставени советничките листи и листата на кандидатите за градоначалници

Од вкупно 8 партии, за градоначалничката фотеља ќе се борат претставници на само 5 од нив.

 |  Билјана Колоска  | 
кутија
kutija
За градоначалничката фотења во Струга, официјално ќе се борат 5 кандидати. Како што веќе ТВм објави, во градоначалничката трка се вклучени: актуелниот градоначалник Рамиз Мерко од ДУИ, Фијат Цаноски од ПЕИ, Менди Чура од ДПА, Славко Котески од Вмро Дпмне и Џевдет Насуфи од партијата за Нова Демократија.

„Партијата ПОДЕМ има доставено само советничка листа, ЛДП исто така, нема кандидат за градоначалник, ниту пак СДСМ на претстојните избори не излегува со кандидат за градоначалничката фотеља“-вели претседателот на  ОИК, Африм Бектеши.

izboriДо општинската изборна комисија доставени се вкупно 8 советнички листи. Носител на листата со кандидати за советници од ВМРО ДПМНЕ е Момчило Аврамоски, од СДСМ Александар Попоски, листата на ДУИ ја предводи  Џеваир Беќири, на ДПА Сурија Рашити. Носител на советничката листа на ПЕИ е Мирсан Мемишоски, на ЛДП Стретен Бандоски, на ПОДЕМ Науме Кутаноски,  додека советничката листа на Нова Демократија ја предводи Абдула Ќазимоски. Списоците, на кандидати за советници и градоначалници, се доставени вчера, кога воедно истекуваше крајниот рок за поднесување на истите.  

„Документацијата беше од страна на сите политички партии беше доставена комплента освен ДУИ кои имаше  мали недостатоци но во рок од 24 часа треба да ги достави и останатите документи“-вели Бектеши.

Онака како што се доставени советничките листи и оние за кандидати за градоначалници неможат да претрпат измени или дополнувања, велат од Општинската изборна комисија.

 

 

{loadposition content9}