Skip to main content

Доставени листите до ОИК

За примамливата градоначалничка функција се прифатени  шест кандидатури. За советници се поднесени деветнаесет листи.

 |  Валентина Нелоска  | 
spisoci
списоци
За примамливата градоначалничка функција се прифатени  шест кандидатури. За советници се поднесени деветнаесет листи.

На овие локални избори нема интерес од  независни кандидати за градоначалник велат од Општинската изборна комисија.

Поднесувањето на листите за градоначалници и советници се завршени  во законскиот рок. До ОИК се поднесени листите на кандидатите за градоначалник на Охрид. За примамливата градоначалничка функција се поднесени  шест кандидатури.

OIKВо трката за градоначалничката функција на престојните локални избори ќе трчаат кандидатите: од НСДП Ацо Попоски,  од ЛДП Боро Павлоски, од ВМРО НП Томе Гиноски, од Партијата Нова Демокртаија Васви Доко, од СДСМ Александар Петрески и од Коалицијата  
ВМРО ДПМНЕ Кирил Трендафилов Нанче.

До ОИК е доставена и листа за советници. Носители на листите од партиите и коалицијата на Вмро Дпмне  се јавуваат имињата на Верица Хајба од НСДП, Крум Арнаудов од  ЛДП, Јоне Станкоски од ВМРО НП, Шенол Рушит од Партијата за движење на турците, Бесник Осман од ДПА, Васил Ристески од Коалиција ВМРО ДП, Тморо – Веп, Кујтим Усеини од ПЕИ, Веле Митаноски од СДУ, Ардијан Хасани од Партијата за Нова демократија, Бранислав Трпчески од СДСМ, Недим Положани од ДУИ, Борис Стефаноски од Коалицијата Вмро Дпмне.  
На листите за советници предложени од група избирачи се имињата на Љупчо Настоски, Никола Пулески, Владо Цветкоски , Љупчо Нечкоски, Борис Стојаноски, Петре Петрески Калимеро и Тома Трајаноски.

 

 

 

{loadposition content9}