Skip to main content

Обелоденета советничката листа на ВМРО ДПМНЕ

„Убеден сум дека таа е одлична и добитничка, речe на прес конференција претседателот на Општинската организација на ВМРО ДПМНЕ“, -Борис Стефановски.

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого
„Убеден сум дека таа е одлична и добитничка, речe на прес конференција претседателот на Општинската организација на ВМРО ДПМНЕ“, -Борис Стефановски.

Поднесена и обелоденета советничката листа на ВМРО ДПМНЕ. Од ОО на оваа партија велат дека листите за кандидат за градоначалник и советничката ги поднесле синоќа согласно законскиот рок. Од советничката листа ТВ М  ги презентира првите 10 кандидати.

Boris StefanovskiНосител  е Борис Стефаноски дипломиран Машински инжињер, потоа на втората позиција е  Паско Кузман, археолог. На третото место е Каролина Буџакоска, дипломиран менаџер по царина и шпедиција, после неа е Кирил Пецаков, студент. На петото место следува Дејан Паноски, дипломиран географ, па Јованка Дамоска,магистар по економија. Седмото место е за сообраќајниот инжињер Александар Попоски, по него Љубен Буџакоски дипломиран машински инжињер, На деветтото место е  Љубица Смилеска – мојсовска, дипломиран електро инжињер, а на 10 позиција Џемаил Рахман, туристички работник.
Советничката листа е заедничка со трите коалициони партнери на ВМРО ДПМНЕ. Социјалистичката партија, демократката партија на турците и демократскиот сојуз.

 

{loadposition content9}