Skip to main content

Македонските едриличари одат напред

Во периодов кој е пред нас, македонските едриличари ги очекуваат важни настапи на меѓународни регати.

 |  Крсте Голабовски  | 
Во периодов кој е пред нас, македонските едриличари ги очекуваат важни настапи на меѓународни регати. Денес започнува Меѓународната регата „Куп на Ѓердап“ во Долни Милановац, Република Србија, на која учество ќе земат десет едриличари од трите клуба АМАК-СП-БОФОР од Охрид, СТРМЕЦ од Охрид и СНЕГАР од Струга. Оваа регата ќе трае се до 31 август.

После успешните настапи на регатите во Србија, како последната  Меѓународната регата во Бела Црква од која македонските едриличарки се вратија со злато и бронза, потоа едриличарската недела во Истанбул, како и Меѓународната едриличарска регата „Охрид 2008“ можеме да очекуваме само успех од нашите млади едриличари во иднина.

Од први септември македонската едриличарска репрезентација заминува на едно од најзначајните првенства Балканскиот шампионат кој оваа година се одржува во Манагалија, Република Романија во период од 2-8 септември.