Skip to main content

Куп „УЕФА“, ќе се води борба за 40 места

Денес се играат 37 натпревари од првото коло на купот „УЕФА“.

 |  Крсте Голабовски  | 
Денес се играат 37 натпревари од првото коло на купот „УЕФА“.

Реванш натпреварите се за две недели на 02. октомври. Купот „УЕФА“ за сезоната 2008/2009 е посилен од било кој досега , а веќе после првото жребување за првото коло беше јасно дека голем број на квалитетни екипи нема да може да дојдат до групната фаза од натпреварувањето.

Италијаните имаат посебно тешка задача, зошто две нивни екипи имаат како противници поранешни европски прваци, Наполи игра со Бенфика, а Удинезе со Борусија од Дортмунд.

Неколку неуспешни учесници од квалификациите за Лигата на Шампиони, ги очекува драматична задача, Гимараеш игра со Портсмут, додека Стандард од Лиеж че мора повторно во Ливерпул, на дуел со Евертон.

Загребскиот Динамо, че мора да го повтори минатогодишното амстердамско чудо, во Прага против Спарта, додека пред Славен претстои тежок дуел со московскиот ЦСК.
Хапоел, од Тел Авив после успехот против Војводина игра со финалистот на Купот на шампионите и најтрофејниот француски клуб Сент Етјен.