Skip to main content

СДСМ го одржува Осмиот конгрес

Опозициониот Социјалдемократски сојуз на Македонија(СДСМ) денеска ќе го одржи Осмиот конгрес.

Опозициониот Социјалдемократски сојуз на Македонија(СДСМ) денеска ќе го одржи Осмиот конгрес.

Конгресот се случува во време кога партијата има низок рејтинг, внатрепартиски превирања околу идниот лидер, како и проблеми со насоката на идното дејствување.

По катастрофалниот пораз на предвремените избори во јуни, лидерката на СДСМ Радмила Шеќеринска поднесе оставка, а за нејзин наследник, односно в.д. претседател се спомнува името на актуелниот градоначалник на Струмица Зоран Заев.

Медиумите шпекулираат дека Заев ќе има мандат во СДСМ до мај, за кога е предвидено враќањето на лидерската функција на Бранко Црвенковски, кој веќе најави дека нема намера да се кандидира за втор претседателски мандат, туку дека сака да се врати во матичната партија.

Делегатите на конгресот ќе треба да ги слушнат и причините за оставката на генералниот секретар на партијата Горан Минчев.

Од СДСМ најавуваат дека ќе се оди на консолидирање на партијата, по одлевањето на нивни докажани членови, кои ја напуштија партијата и формираа сопствени партии.