Skip to main content

Одлична вечер на скандинавците

Фудбалерите на Брен и Калмар ги приредија најголемите изненадувања во првите натпревари од првото коло на купот на УЕФА.

 |  Крсте Голабовски  | 
Фудбалерите на Брен и Калмар ги приредија најголемите изненадувања во првите натпревари од првото коло на купот на УЕФА.

Бран во Берген го победи Депортиво со 2:0, додека Калмар во Ротердам го совлада фејнорд со 1:0, па сега и двата скандинавски клубови се многу поблиски на групите на Лигата на УЕФА. Пласман во групата е речиси загарантиран и за екипите на Сампдорија кои изиграа 5:0 против кануас, па за Астон Вила кои победија со 3:1 vo Love; и за Ајакс кој со 4:1 го совлада Борец во Белград. Реванш натпреварите се играат на втори октомври.

Најдраматично беше во Белинцона, каде Галатасарај после голем број на пресврти победи со голот на Линколн во судиското продолжение. Возбудливо беше и во Ливерпул, каде Стандард со Евертон играше 2:2 , а последниот гол на натпреварот го постигна Сегундо Кастиљо. Матеја Кежман беше стрелец на првиот гол во победата над ПСЖ над Кајзериспор со 2:1.

UEFA natprevarМилан и Тотенхем ги оставија грижите од домашната лига ги оставија на страна, Росоњерите го победија Цирих со 3:1, а Спарсите Висла со 2:1.

Тежок ден имаше и Дортмунд, кој на свој терен е поразен од Удинезе со 2:0. Гимареш кој испадна во квалификациите за Лигата на шампиони, изгуби во Портсмут со 2:0, Твенте во Рено е совладан со 2:1, додека во скандинавското дерби Розенборг во данска го победи Брендби истотака со 2:1.
Славен во Копривница ја испушти предноста во финишот и изгуби од ЦСК со 2:1,Динамо Загреб и Спарта од Прага играа на максимир без голови, додека во останатите два натпревари савршија 0:0, гости беа романците, Униреа Урзичени во Хамбург, а Васлуи во Прага против Славија.