Skip to main content

Планот на американските власти за поддршка на банките може да изнесува 500 милијарди долари

Програмата на администрацијата на американскиот претседател Џорџ Буш за поддршка на банките, која доцна синоќа беше поднесена во Конгресот со цел да биде одобрена, може да изнесува 500 милијарди долари дури и повеќе, јавија западните медиуми.

 |  Крсте Голабовски  | 
Wall street

Според извор од банкарските кругови, американското Министерство за финансии ќе предложи меѓу 500 и 800 милијарди долари за владиниот план за исплата на спорните активи, поврзани со хипотекарните кредити. Со планот се предвидува Владата да откупува станбени хипотеки и активи само на американски финансиски институции.

Wall street berzaСо програмата е предвидено и назначување на надворешни советници, кои ќе работат за Министерството за финансии и ќе го контролираат исполнувањето на планот.
Американскиот претседател говорејќи вчера за глобалната финансиска криза, истакна дека Америка мора да ја заштити својата економија. Тој нагласи дека интервенција на федералните власти на финансиските пазари била неопходна.