Skip to main content

Челзи сеуште без пораз на домашен терен

Челзи и Мачестер Јунајтед одиграа 1:1, во дербито на петтото коло од Премиерлигата.

 |  Крсте Голабовски  | 
Chelsea Manchester United
Chelsea Manchester United
Челзи и Мачестер Јунајтед одиграа 1:1 во дербито на петтото коло од Премиерлигата. За гостите голот го постигна Ји Сунг Парк, додека за домаќините, стрелец беше Саломон Калу во 80-та минута.

Отворањето на натпреварот помеѓу финалистите на Лигата на шампионите од минатата сезона, понуди изобилство на шанси на двете страни. Гостите беа поопасни, а во 18-та минута заслужено и поведоа. Чех го одбрани ударот на Бербатов, но одбиената топка кореанецот Ји Сунг Парк ја сместив во празната мрежа.

Во 27-та минута, судијата Мајк Рајли можеше да досуди пенал за Челзи. Малуда и Ван Дер Сарт трчаа на топката, играчот на Челзи за миг беше побрз и се обиде да ја повлече топката покрај холандскиот голман на Јунајтед, но Рајли не го препозна тој дуел и контакт како ситуација за најстрогата казна. Но, ВанДер Сарт во таа акција се повреди, а малку подцна на врата го замени Кушчек. Пред тоа уште во 13-та минута, португалскиот одбранбен играч Рикардо Карваљо исто така поради повреда на коленото, која можеби е и посериозна, мораче да ја напушти играта.

Christiano RonaldoВо продолжението, Челзи се обидуваше да изедначи, додека гостите опасно напаѓаа со контранапади. Во 55-та минута во игра влезе и Кристијано Роналдо, ккао замена на Шолес. Како што натпреварот одеше кон својот крај, Челзи го зголемуваше притисокот и ги нижеше шансита, а во 80-та минута успеа и да поентира. Џон Оби Микел упати одличен цетар-шут од слободен удар, Кушчек, кампуваше на линијата, а Саломон Калу со глава го погоди десниот агол над голманот за 1:1.

До крајот на натпреварот резултатот не се менуваше. Челзи пропушти со евентуална победа да го преземе првото место на табелата од Арсенал, кој има 12 поени, еден повеќе од Челзи и Ливерпул. Манчестер Јунајтед сега има 5 поени, но една средба помалку.