Skip to main content

Само еден од охридските хотели покажал интерес за еколошки стандарди

На денешната работилница што се одржа во Охрид, на тема примена на еколошките критериуми за заштита на животнта средина, хотелиерите не се појавија.

 |  Валентина Нелоска  | 
eko proizvodi logo
eko proizvodi logo
На дебатата за прифаќање на еколошките критериуми за туристичко сместување и детергентите за рачно миење на садовите која се одржуваа по втор пат, од 120 поканети одзивот беше слаб. Хотелиерите или сметаат дека прават доволно за животната средина или пак сеуште е ниска нивната еколошка свест, вели Јадранка Иванова од Министерството за животна средина.

На работилницата за примена на еко критериумите од хотелиерите присуствуваше единствено менаџерот од хотел Силекс, Љупчо Милковски. Менаџерот Милкоски вели дека е корисно во нивното работење да се применуваат критериумите  за заштита на животната средина, штедењето како и подобрувањето  на квалитетот и односот кон гостите на ова поднебје.

ekologistiЦелта на работилницата, вели Иванова  беше да се запознаат субјектите со примената на овие критериуми и добивање етикета на хотелите со еколошка ознака. Искуството во европските земји покажува дека граѓаните од 5 до 20 проценти  ги избираат хотелите и производителите кои ги применуваат еколошките ознаки. На работилницата присуствуваа преставници од локалната самоуправа и невладиониот сектор од Охрид.
Министерството за животна средина и просторно планирање ја организира средбата со подршка од Стопанската комора и Британската амбасада во Скопје.