Skip to main content

Охридскиот градоначалник се врати од работна посета на Ерусалим

Александар Петрески се  врати од Ерусалим, Израел  каде што со 50 -тина колеги од светот, покрај разгледувањето на светиот град,  учествуавале и на заеднички работилници.
 |  Валентина Нелоска  | 
Aleksandar Petreski
Aleksandar Petreski
Александар Петрески се  врати од Ерусалим, Израел  каде што со 50 -тина колеги од светот, покрај разгледувањето на светиот град,  учествуавале и на заеднички работилници.

Петрески вели заедно со своите колеги од светот разменале  искуства како најдобро да управуваат со градовите.Петрески потенцира дека на средбата во Ерусалим  се констатирало  дека општина Охрид располага со најмал буџет, а  исто така и со градоначалнички ингеренции.

Основа на живеењето на општините од каде што доаѓаат градоначалниците во светот  е градот и во него е основата како да функционира државаат  вели Петрески за искуствата кои кои ги чул о д своите колеги. Тие имаат огромни буџети и ингеренции  за разлика од нас тука во Македонија.

Aleksandar PetreskiПетрески истакна дека покрај средбите  со градоначалниците од светот, остварил контакти и со израелскиот министер за надворешни работи, министерот за локална самоуправа, министерот за животна средина како и со израелски бизнисмени заинтересирани да  инвестираат во Охрид.

Резултат на оваа посета е и идното збратимување на Охрид со израелскиот град Тибериј. Збратимувањето ќе значи поблиска соработка на полето на културата и спортот , па се до оставрување на бизнис контакти. Ќе се интензивира и  соработката со градовите  Каен од Франција и Марбеља од Шпанија.