Skip to main content

Охрид представен како што заслужува

Станува збор за септемвриското издание на официјалната публикација на „Lions international “. Во статијата Охрид е претставен како „Другиот град на светлината“.

 

 

 |  Тања Кувенџиска  | 
lions logo
lions logo
Станува збор за септемвриското издание на официјалната публикација на „Lions international “. Во статијата Охрид е претставен како „Другиот град на светлината“.

„Можеби Париз е познат како град на светлината, но постои уште еден помал град кој го одзема здивот и го заслужува ваквиот епитет“- со овие зборови започнува статијата за Охрид, објавена на две страници во септемвриското издание на магазинот „Lions international“

Станува збор за официјалната публикација на оваа меѓународна хуманитарна организација, која секој месец ја добиваат над милион и двеста илјади членови, во 122 земји, на 22 светски јазици.

Lions international„Конечно Охрид доби промоција која е најголема до сега во глобални рамки“, потенцира Ѓоко Апостолов од охридскиот Лајонс клуб.   
Статијата за Охрид, е единствениот текст од овој вид објавен во магазинот „Lions international “, а кој се однесува на град од Балканот.

„Текстот заслужува да биде прочитан од толкав број луѓе. Се надевам и оние кои до сега не слушнале за Охрид, сега ќе имаат претстава за каква природна убавина станува збор“, вели Апостолов.     

„Охрид е вистински скапоцен камен на Балканот. Чудесно богатство кое чека да биде откриено“- завршува статијата за Охрид, која деновиве го привлече вниманието на бројните читатели ширум светот.

 

На барање на читателите проследете ја статијата.

 

Lions internationalLions international

 Lions international