Skip to main content

Стружани во Охрид на преглед за уво

Амбулантата уво, грло нос во Струга нема комплетна опрема за дијагностика. Пациентите за испитување на слухот одат дури во Охрид.

 |  Билјана Ќосеска  | 
ambulanta uvo nos grlo
ambulanta uvo nos grlo
Нова амбуланта, стара апаратура, ваква е состојбата во амбулантата уво, грло, нос при општата болница во Струга. Иако просторијата каде се наоѓа овој оддел е релативно нова, сепак проблем е апаратурата. Покрај тоа што опремата  датира од пред 20-тина  години, недостасуваат и други апарати за дијагностика. Пациентите реагираат дека за испитување на слухот треба да одат во Охрид, бидејќи во Струга нема аудиометар и тимпонометар.

„Со тоа што ги немаме овие апарати, на прво место со самото упатување на пациентита на анализи во Охрид, ја губиме нивната трага“- велат докторите.

ordinacijaИ покрај тоа, тие додаваат дека се трудат максимално да одговорат на потребите на пациентите. За недостатоците на амбулантата е упатен и директорот на Ј.З.У Општа болница, кој е назначен неодамна. Тој истакна дека се бара начин да се реши проблемот. Очекува дека за скоро време ќе се обезбедат неопходните апарати. Оптимизмот е поголем, откако Министерството за Здравство нуди помош преку финансиската подршка од страна на светска банка.

„За ушното оделение чекаме нови апарати. Недостасува еден  стробоскоп за дијагностика и флексибилен фибер за преглед на нос и гласни жици“-истакна Д-р Ментор Ибрахими,  директор  на Ј.З.У Општа болница во Струга.

Тој очекува дека Општата болница посебно амбулантата уво, грло, нос за скоро време ќе ја добие потребната апаратаура, а истовремено старата ќе биде заменета со нова. Со тоа автоматски ќе им се олесни и на пациентите, наместо во Охрид да можат комплетно да ги направат анализите во Струга.