Skip to main content

Започна Регионална конференција за Европска безбедносна одбранбена политика

Во Охрид, денеска почна дводневна Регионална конференција за Европска безбедносна одбранбена политика. Оваа конференција, е прва од ваков вид во регионот.

 |  Валентина Нелоска  | 
logo konferencija bezbednost
logo konferencija bezbednost
Во Охрид,  денеска почна дводневна Регионална конференција за Европска безбедносна одбранбена политика. Оваа конференција, е прва од ваков вид во регионот.

Ќе се стави акцент на  важноста од  натамошното развивање на Европската безбедносна и одбранбена политика,а во тесна врска со напорите на земјите од  регионот кон  европската интеграција. Домаќин на конференцијата е министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Коњановски. На конференцијата, покрај делегации од преку 20 земји од регионот и Европа,  присуствува  и министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Селмо Цикотиќ.

Конференцијата ќе овозможи размена на мислења за актуелни теми како што се сегашноста и иднината на Европската безбедносна и одбранбена политика, вклучувајќи ги земјите од регионот. Францускиот амбасадор Бернард Валеро и специјалниот преставник на Европската унија, Ерван Фуере ја истакнаа позитивната улога на нашата земја во учеството на мировните мисии, посебно во  Алтеа во БиХ.

regionalna konferencija bezbednostНа прашањето до кога евроската  унија ќе ја толерира Грција во однос на попречувањето на Македонија за интегрирање во ЕУ и Нато и обајцата со идентични пораки. Македонската Влада да бара и понатака решение за проблемот со дијалог како што тоа и го прави деновиве вели францускиот амбасадор Валеро.

Евро амбасадорот Фуере, пак и препорачува на Владата да ги спроведе потребните реформи за што поскоро интегрирање на земјава во Нато алијансата и Европската  унија. На дводневната конфернција учествуваат замениците министри за одбрана на Албанија, Црна Гора и Србија, делегации од земји членки на Европската унија и регионот, како и високи претставници од одбраната, надворешните работи и академската јавност на Македонија.