Skip to main content

Македонија со 320 млн. долари инвестиции во 2007 година

Вкупно 320 милиони долари странски директни инвестиции влегле во Македонија во 2007 година, при што биле регистрирани девет гринфилд вложувања.

trgovski centar
trgovski centar
Вкупно 320 милиони долари странски директни инвестиции влегле во Македонија во 2007 година, при што биле регистрирани девет гринфилд вложувања.

Ова се наведува во извештајот на Конференцијата на Обединетите Нации за трговија и развој (UNKTAD), објавен доцна синоќа во Женева.

Македонија се наоѓа во групата земји кои во 2007 година имале прилив на странски директни инвестиции меѓу 100-900 милиони долари, заедно со Црна Гора, Албанија, Туркменистан, Таџикистан, Узбекистан, Киргизија, Ерменија и Молдавија.

Вкупниот прилив на странски директни инвестиции во Македонија се намалил во споредба со 2006 година, кога тој изнесувал 424 милиони долари, од кои добар дел отпаѓа на продажбата на Електростопанство на Македонија на австриската ЕВН.

Евидентен е падот на гриндфид инвестициите во Македонија на вкупно девет за 2007 година, во однос на 2006 година кога таа бројка изнесувала 26, но и на 2005 година, кога биле забележани 11 гринфилд инвестиции.

investiciona analizaЗначителен пораст во 2007 година е регистриран во приливот на странски капитал на Македонскиот пазар на хартии од вредност.

Според податоците на UNKTAD лани странските инвеститори вложиле 3,084 милијарди долари во македонски хартии од вредност, додека таа бројка во претходната 2006 година изнесувала 540 милиони долари.

Од земјите од поблискиот регион, лидер во СДИ е Хрватска, која во 2007 година остварила прилив на странски директни инвестиции во висина од близу четири милијарди долари.

Следат Србија со 3,11 милијарди долари, Босна и Херцеговина (2,022), Црна Гора 9876) и Албанија со 656 милиони долари.

Според прогнозите на UNKTAD вкупниот прилив на странски директни инвестиции на глобално ниво во тековната година се очекува да падне за десет отсто.