Skip to main content

САД поддржаа основање банка за нуклеарно гориво

САД ќе издвојат 50 милиони долари за основање меѓународна банка за нуклеарно гориво под покровителство на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), изјави денеска америкнскиот министер за енергетика Семјуел Бодман.

 |  Крсте Голабовски  | 
banka nuklearno gorivo

Тој на Генералното собрание на МААЕ во Виена ја поздрави претходно изразената подготвеност на Норвешка и Обединетите арапски емирати за истата намена да издвојат десет милиони долари.

nuklearna eksplozija„Создавањето гарантирани залихи на нуклеарно гориво кои постојано ќе се надополнуваат и кои нема да ги нарушуваат пазарните механизни на нуклеарниот сектор претставува „прифатлива алтернатива на ширење на чувствителни технологии“, оцени Бодман.

Тој ги повика учесниците на конференцијата да дадат поддршка и да помогнат МААЕ да донесе одлука за основање меѓународна банка за нуклеарно гориво до крајот на годинава.