Skip to main content

Познати добитниците на Алтернативните нобелови награди

Фондацијата „Рајт Лајвлихуд“ (За достоен живот“) ги објави имињата на годишните награди, што се познати како алтернативни нобелови награди.

 |  Крсте Голабовски  | 
Asa Hagi
Asa Hagi
Фондацијата „Рајт Лајвлихуд“ (За достоен живот“) ги објави имињата на годишните награди, што се познати како алтернативни нобелови награди.

Едбна од лауретите на наградата за 2008 година е американската новинарка Ејми Гудман, автор на радиоемисијата „Демократија сега!“. Во образложението за нејзината награда се наведува дека Гудман „навистина е независен политички новинар“.

Меѓу наградените е и гиникологот Моника Хаузер, која е родена во Швајцарија, а живее во Германија, а поседува италијански пасош. Наградата за Хаузер е признание за работата и помошта на жените – жртви на сексуалното насилство во конфликтните зони во светот. Од фондацијата наведуваат дека организацијата „Медика мондиале“, основана од Хaузер и помогнала на повеќе од 70.000 жени и девојки да го преживеат сексуалното насилство во реоните на воени дејствија или по војните.

Amy GoodmanИ парламентарката од Сомалика Аша Хаги е наградена за нејзиното залагање за мир во својата татковина. Таа е претседател на организацијата „Спасете ги сомалиските жени и деца“, која и помага на жените да добијат право на глас во политичките процеси.
Наградени се и Индијците Кришнамал и Санкаралингам Џаганатан поради нивното залагање за социјална правда, односно нивнито инсистирање сиромашните и безимотни луѓе да добијат земја.

Овогодишната награда вкупно изнесува два милиони шведски круни (300.000 американски долари), кои ќе бидат поделени на еднакви делови на наградените.
Алтернативните нобелови награди се доделуваат од 1980 година од шведско-германскиот филантроп Јакоб фон Јукскјул како поддршка на оние кои предлагаат практични решенија за најголемите предизвици на современоста. За награди годинава беа предложени 91 кандидат од 44 држави. Наградите ќе бидат врачени на специјална церемонија во шведскиот Парламент на 8 декември, две дена пред да се доделат Нобеловите награди.