Skip to main content

Македонските владици во Калишта, на црковно народен собор

Македонските владици расправаат- дали на името Македонска православна црква ќе биде додадено и Охридска архиепископија.

 |  Тања Кувенџиска  | 
MPC grb
MPC grb
Македонските владици расправаат- дали на името Македонска православна црква ќе биде додадено и Охридска архиепископија.

Македонските Владици и претставници од сите епархии и институции на МПЦ учествуваат на Црковно народен собор во Калишта кој почнува денес.
Неофицијално,  највисоките црковни великодостојници  ќе расправаат дали на името Македонска православна црква ќе биде додадено и Охридска Архиепископија.

vladika StefanВладиката Тимотеј ги отфрла ваквите информации. Според него, на Црковно народниот собор викендов нема да има  расправа за промена на името. Владиката Тимотеј изјави дека на Соборот нема да се расправа ниту за промена на грбот на МПЦ. Неофицијално, за нов симбол на МПЦ во игра се катедралната црква Света Софија и Свети Климентовиот храм, Свети Пантелејмон на Плаошник.

Приврзаниците за неменување на името на црквата стравуваат дека  доколку се промени името, може да се случи, во комуникацијата  со останатите цркви, МПЦ да биде именувана само со Охридска архиепископија.

Инаку, Македонската православна црква викендов ќе одржи редовен годишен Архиепископски црковно-народен собор во ставропигијалниот манастир „Св. Богородица“ – Калишта кај Струга. На Соборот најавено е учество на претставници од сите епархии и институции на МПЦ.
Годинава се навршуваат 50 години од одржувањето на Вториот црковно-народен собор на којшто е донесена одлука за возобновување на древната Охридска архиепископија во лицето на Македонската православна црква.