Skip to main content

Триумф на Стоунер во Австралија

Возачот на Дукати, Кејси Стоунер победи на трката Мото ГП од шампионатот за големата награда на Австралија.

 |  Крсте Голабовски  | 
Kejsi Stoner
Kejsi Stoner
Возачотна Дукати, Кејси Стоунер победи на трката Мото ГП од шампионатот за големата награда на Австралија.

Светскиот првак од 2007-та година, го остави задсебе шесткратниот и актуелен шампион Валентино Роси и светскиот првак од 2006-та година Ники Хајден. Победата на Стоунер и излетувањето од патеката на Дени Педроса веќе на втората кривина од првиот круг, на австралијанецот речиси му го обезбеди второто место во генерален пласман. Педроса на две трки пред крајот на сезоната заостанува со 36 поени.

Kejsi StonerРоси стартуваше од 12-та позиција, а излетувањето во квалификациите не остави сериозни последици освен истегнувањето на мускулите на вратот. Хорхе Лоренцо го освои четвртото место, Шиња накано петтото место, додека својот 28-ми редоенден и шестото место, а воедно и најдобрата трка во неговата кариера ја извози и освои Дџејмс Тоузленд.

Петта победа во сезоната во класта до 250 кубици, ја оствари водечкиот во генерален пласман Марко Симончели, додека Ди Мељо во класата до 125 кубици во соло трките стигна до својата четврта победа во 2008-та и се заикити со титулата светски првак.