Skip to main content

Жителите од улицата “Чедо Филипоски“ години наназад чекаат на асфалтирање на истата

И во летниот период, за да поминат по неа си носат чизми. Тие се оптимисти дека во проектот за асфалтирање на улиците е вклучена и нивната.

 |  Билјана Ќосеска  | 
ul. Cedo Filiposki
ul. Cedo Filiposki
И во летниот период, за да поминат по неа си носат чизми. Тие се оптимисти дека во проектот за асфалтирање на улиците е вклучена и нивната.

Улицата „Чедо Филипоски“ во Струга е целосно уништена. Освен што има дупки на целиот дел од улицата, жителите се соочуваат и со друг проблем. “Чедо Филипоски“ е поплавена со вода.  И при дождливо време и при сончево, состојбата е иста, поради  шахтите кои се поставени на повисоко ниво од асфалтот,  улицата плива во вода. Иако таа се наоѓа речиси во центарот на градот сепак, надлежните досега немаат превземано мерки за нејзина санација. Оваа улица им создава бројни проблеми на граѓаните кои живеат во овој дел од градот.

Со овие проблеми жителите од „Чедо Филипоски“ се соочуваат години наназад. Поради тоа, околу 100-тина  граѓани кои живеат на оваа улица потпишаа петиција, и побараа помош од градоначалникот Рамиз Мерко.

ul. Cedo FiliposkiЖителите од улицата „Чедо Филипоски“ се оптимиски оти за скоро време локалната самоуправа ќе го реши нивниот горлив проблем. Инаку неодамна се асфалтираа најпрометните улици во градот: „Ристо Крле“, улицата “Глобочичка“,  дел од улицата Елпида Караманди„ а во план е  асфалтирање и на други улици, вели секретарот на општина Струга.

Гулицоски потенцира дека доколку во овој период од годинава не се успее да се санираат  и улиците кои им е неопходно тоа, асфалтирањето ќе продолжи и во пролетниот период.
Активности за асфалтирање ќе се превземаат и во селските населби.